Metin Girgin
17 Август 2020•Ажурирај: 18 Август 2020
КОЏАЕЛИ (АА) - Во Голџук, во турската област Коџаели, се одржа програма по повод одбележувањето на 21. годишнина од катастрофалниот земјотрес во Мармара (Мраморниот регион) во 1999 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во своето обраќање, гувернерот Седар Јавуз рече дека земјотресот што се случи на 17 август 1999 година покажа какви стратешки промени треба да се направат со цел земјата во иднина поефикасно да се бори против земјотресите.
„По земјотресот во 1999 година ги преземавме сите потребни напори и научивме како да упавуваме со ризици. Научивме како да се подготвиме за потрес. Преземени се обемни мерки како на пример на кој начин да се градат згради отпорни на земјотреси со јачина од 7 степени и повеќе, и како подобро да се контролира целата ситуација“, рече Јавуз.
Илјас Шекер, пратеник од Партијата АК од Кочаели, кој во земјотресот ги загуби двете ќерки, а сопругата и тој беа повредени, рече дека луѓето во Турција треба секој ден да се присетуваат на овој земјотрес, а не само за време на годишнината.
„Веројатноста за земјотреси во оваа област е многу голема. Не е познато кога може да дојде како непоканет гостин и затоа постојано мора да преземаме мерки на претпазливост“, рече Шекер.
Пратеникот на Републиканската народна партија (ЏХП), Хајдар Акар, рече дека луѓето во Турција по разорниот земјотрес во 1999 година многу подобро научиле како да се спасуваат и како да си помагаат едни на други.
Истакна дека властите во земјата сега се многу поподготвени побрзо и поефикасно да дејствуваат во случај на земјотрес.
Градоначалникот на Коџаели, Тахир Бујукакин, истакна дека земјотресот што се случи пред 21 година е природна катастрофа на векот, додавајќи дека ја одбележуваат годишнината за да ги потсетат сегашните и идните генерации на тој настан.
На крајот на програмата присутните ја погледнаа и изложбата на фотографии од земјотресот.
Еден од најразорните земјотреси во Турција се случи на 17 август 1999 година во географската област Мармара (Мраморниот регион). Во земјотресот со јачина од 7,4 степени според Рихтер зеде над 17.000 животи, повредени беа 24.000 лица, а над половина милион луѓе останаа без своите домови.