Seda Sevencan
05 Ноември 2020•Ажурирај: 07 Ноември 2020
АНКАРА
Во Турција е основана Парламентарна истражна комисија за да се утврдат мерките за претпазливост за намалување на штетата од можните земјотреси во иднина, по смртоносниот земјотрес во егејскиот регион во кој животот го загубија 114 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Парламентарната истражна комисија ќе има 22 члена, се наведува во Службениот весник на Турција.
Комисијата ќе работи на период од три месеци откако ќе бидат избрани претседател, заменик претседател и останатите членови. По потреба ќе можат да работат надвор од Анкара.
Во минатонеделниот смртоносен земјотрес во Измир дојде до уривање на згради кои се претворија во урнатини. Нацијата сведочеше на емоционалните сцени, додека спасителите ги извлекуваа преживеаните.
Земјотресот со јачина од 6,6 степени по Рихтер во петокот го погоди Измир и соседните региони, а потоа во тој регион се регистрирани 1.621 тресења на тлото, од кои 44 беа посилни од четири степени по Рихтер.
Спасувачките екипи под урнатините спасија повеќе од 105 лица, меѓу нив и тригодишната Елиф Перинчек, која од урнатините е извлечена по 65 часа и четиригодишната Ајда Ѓезгин која под урнатините беше 91 час.