Oktay Bayar
19 Октомври 2016•Ажурирај: 21 Октомври 2016
БИТЛИС (АА) - Во градот Ахлат, во покраината Битлис, се планира да бидат инвестирани околу 15,6 милони евра за реконструкција на 600 пештерски куќи, со што би се привлекло вниманието на туристите, јавува Anadolu Agency (AA).
Мумтаз Чобан, претседателот на општината Ахлат, за дописникот на АА изјави дека започнале со проектот за реконструкција на 600 куќи во подрачјето на кањоните Мадаванс и Харабешехир, со што општината би го зголемила својот туристички потенцијал.
Претседателот на општината Чобан истакна дека проектот е во изработка, а е поддржан од Агенцијата за развој на Источна Анадолија.
- „Историја долга 6.000 години“ -
Претседателот на општината истакна дека кањонот Харабешехир има историја долга 6.000 години.
„Имаме два значајни кањона во кои се наоѓаат пештерските куќи, кои се наследството од загубените цивилизации пред исламот. Тие ќе продолжат да опстојуваат под заштитата на муслиманскиот турски народ. Подолг период работиме на проектот за реконструкција, но имаме сериозни тешкотии околу извршната фаза од проектот. Општината го претстави проектот, а Агенцијата за развој на Источна Анадолија го одобри“.
- „Можно е изведување и на археолошки истражувања“ -
Претседателот на општината рече дека по започнувањето на проектот, во подрачјето ќе можат да се вршат и археолошки истражувања.
Проектот опфаќа простор во должина од околу 17 километри. Започнува од делот што се нарекува „Птичји рај“ и завршува во долината Мадаванс.
„Со проектот се планира изведба на пристапи до врвовите, патеките, рестораните, кафулињата и сместувачките центри. Овој проект ќе даде свој голем придонес за туризмот. Станува збор за инвестиција од 15,5 милиони евра“, изјави Мумтаз Чобан, претседателот на општината Ахлат.