Semih Yüksel
20 Декември 2021•Ажурирај: 22 Декември 2021
КАСТАМОНУ (АА) - Планината Јаралиѓоз, која е втора највисока планина по Илгаз во Кастамону, северна Турција, е под бела покривка по снежните врнежи кои го зафатија регионот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Снежните врнежи ја покрија планината на надморска височина од 2.020 метри, во близина на автопатот Есентепе што ги поврзува областите Абана, Бозкурт и Чаталзејтин со центарот на градот.
Превојот Јаралиѓоз и регионот каде дебелината на снежната покривка наместа достигнува 20 сантиметри, се снимени со дрон.
Граѓаните кои дојдоа во рекреативниот центар „Маматлар“ уживаа во снегот и поминаа незаборавни моменти во снежната идила.