Satuk Buğra Kutlugün
28 Октомври 2016•Ажурирај: 29 Октомври 2016
БРИСЕЛ (АА) - Министерот за одбрана на Турција, Фикри Ишик побара од НАТО да ја заврши антимигрантската мисија во Егејското море, јавува Anadolu Agency (AA).
Во обраќањето на новинарите вчера, по состанокот на министрите на одбрана на НАТО во Брисел, Ишик изјави: „Официјално го информиравме НАТО за нашиот став дека оваа активност на НАТО треба да биде завршена до крајот на годината ” .
„Ова беше привремена мисија и целта на привремената мисија е постигнат. Нема потреба таа да биде продолжена. Без разлика дали НАТО силите се таму или не, ние ќе ја продолжиме нашата борба против движењето на мигрантите. Според наше мислење, нема потреба НАТО и понатаму да ги задржува своите сили во Егејското море",изјави турскиот министер за одбрана Фикри Ишик.
Тој додаде дека до големиот пад во бројот на преминувања на мигрантите преку Егејското море, довела успешната акција на патролирање која ја спровела Турската крајбрежна стража, а не поради НАТО.
Неколку часа по изјавата на Ишик, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на прес-конференцијата изјави дек Сојузот одлучил да ги продолжи акциите во Егејското Море.
Тој нагласи дека таа мисија на НАТО и помошта на Турција и Грција како дел од операцијата во Егејското море помогнала во спречувањето на трговијата со луѓе.
„Поради тоа сме одлучни да продолжиме со мисијата во Егејското море”, изјави тој.
Турција и ЕУ во март потпишаа договор за спречување на илегалните миграции преку Егејското море според кој се обврзаа за преземање на построги мерки против трговците со луѓе и подобрување на условите во кои престојуваат околу три милиони сириски бегалци во Турција.