Ekipa
02 Ноември 2017•Ажурирај: 02 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Во акција на турската полиција приведени се најмалку 283 лица поради поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Генералната управа на полициската дирекција соопштено е дека во периодот помеѓу 22 октомври и 1 ноември, на подрачјето на Турција, спроведена е антитерористичка акција, чија цел биле лицата поврзани со ДЕАШ.
Во акцијата приведени се најмалку 283 лица, меѓу кои 187 странски и 96 турски државјани.
Во текот на акцијата запленети се и 66 парчиња импровизирани експлозивни направи, два килограми непознати наркотици, осум пиштоли, 405 парчиња куршуми за пиштол, три сачмарки со муниција, како и значителна количина документи и дигитален материјал.
Од полицијата се наведува дека борбата против тероризмот ќе продолжи.