Ekipa
15 Ноември 2017•Ажурирај: 15 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Турција, Авганистан, Туркменистан, Азербејџан и Грузија денес потпишаа голем меѓународен договор за трговски и сообраќаен коридор, јавува Anadolu Agency (AA)
Коридорот „Лапис Лазули“ ќе започнува од северната авганистанска покраина Фарјаб и Туркунди во западната покраина Херат.
Тој ќе продолжи до Туркменбаши во Туркменистан и по преминувањето на Каспиското Море, ќе го поврзува Баку, главниот град на Азербеџан, со Тбилиси, и со грузиските пристаниша Батуми и Поти на Црното Море.
Коридорот ќе се поврзе со Карс во источна Турција пред да се поврзе со Истанбул и со Европа.
Коридорот ќе се поврзе со турскиот проект за „Среден коридор“ (Транскасписки трговски и сообраќаен коридор исток-запад) и ќе ги надополни другите регионални сообраќајни коридори, како што е Железничкиот коридор на пет нации.
Денешниот договор, кој беше финализиран по тригодишни технички преговори, беше потпишан за време на 7. Конференција за регионална економска соработка за Авганистан (РЕЦЦА-VII) во Ашхабад, Туркменистан.
Турскиот заменик-министер за надворешни работи, Ахмет Јилдиз, го потпиша договорот во име на Анкара.
Според „RECCA VII“, моменталните проекти за подобрување на инфраструктурата и процедурите во петте земји се проценува дека надминуваат 2 милијарди долари.