Erkan Erdoğan
27 Декември 2020•Ажурирај: 28 Декември 2020
ЕРЗУРУМ
Површината на езерото Дипсиз (без дно) замрзна и создаде прекрасна глетка во неговата околина, откако температурата на воздухот падна на минус 13 степени под нулата во местото Олту, во турската област Ерзурум, известува Агенција Анадолија (АА).
По интензивниот пад на температурата и големиот студ во подрачјето во кое се наоѓа езерото Дипсиз, целосно замрзна неговата површина.
Замрзнатото езеро и неговата околина формираа прекрасна глетка, која плени со својата убавина.
Бајрам Јуџел, локален жител, изјави: „Поради големиот студ заледена е целата површина на езерото. Поради големата длабочина на езерото не влегуваме во него, но сега многу слободно шетаме по неговата заледена површина.“
Емрах Џејлан, кој излегол во прошетка со цел да ужива во прекрасниот пејзаж што може да се забележи во околината, благодарение на снежната прекривка, која формира глетки како од разгледница, рече: „Иако времето е студено, глетката е прекрасна. Среќен сум што можам да уживам во овие природни убавини.“
Некои граѓани, кои го посетија подрачјето, со своите мобилни телефони направија фотографии за да ги овековечат тие моменти.