Elena Trenchevska Chekovic
09 Ноември 2025•Ажурирај: 10 Ноември 2025
СКОПЈЕ (АА) - Езерото познато како „Птичјиот рај Кавунџу“ во населеното место Гуњузу во Ескишехир, Турција, ја губи својата поранешна живост поради континуираните сушни услови, јавува Анадолу.
Некогаш дом на стотици видови птици преселници, овој природен резерват во голема мера е пресушен поради падот на нивото на водата, поради што останати се само неколку помали видови птици.
Намалувањето на водните ресурси негативно влијае на екосистемот на регионот, а некои видови птици ги менуваат своите миграциски патишта и повеќе не го претпочитаат езерото.
„Птичјиот рај Кавунџу“ постепено станува сѐ помалку живописен, и не е живеалиште полно со птици какво што беше некогаш.