Göksel Yıldırım
10 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
АНКАРА
- Ѓоксел ЈИЛДИРИМ
Турската компанија „Харп Арге“ разви „одбранбен штит од беспилотни летала“, а станува збор за компанија која се наметнува како важен фактор во полето на изработка на системите за неутрализација на заканата од нападите на беспилотните летала, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Харп Арге“ го произведе првото турско оружје наменето за неутрализација на непријателските дронови, станува збор за производ во вид на пушка.
Оваа компанија разви и нов производ, а станува збор за 2,5 килограми тешко електромагнетско оружје „ES-60“ со домет до три километри.
И новиот производ е налик на пушка, а со помош на антенскиот систем и со оптички направи ефикасно ги неутрализира беспилотните летала на оддалеченост и до три километри.
Компанијата разви и низа придружни уреди и така изработи цел штит за одбрана од беспилотни летала под назив „ES-240“.
Штитот се инсталира фиксно на тлото и радиусот од два километри околу него е недостапен за беспилотните летала. Целата опрема на штитот е од турско домашно производство.
Софистицираниот штит може да се монтира и на воено возило, а во иднина ќе биде користен и за неутрализација на нападите од беспилотните летала бомби, т.н. „беспилотно летало камиказа“.
Штитот е компатибилен и за спојување со претходно произведените турски радари за дронови.
Турските безбедносни сили веќе тестираа новоразвиено оружје и производот доби најголема оцена.