Merve Aydoğan
20 Септември 2017•Ажурирај: 20 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Турција распореди единици на командоси под полна воена опрема, како дел од военото засилување долж јужната граница со Сирија, изјави денес воен извор, јавува Anadolu Agency (AA).
Турски воени возила со командоси под полна воена опрема од повеќе дивизии денес отпатуваа на границата со Сирија, во близина на јужното подрачје Рејнахли во областа Хатај, соопшти извор под услов на анонимност.
Изворот информира дека новото распоредување е дел од засилувањето за трупите кои веќе се стационирани таму.
Турција вчера пренесе 30 вагони воени возила во касарната „Ахмет Тор“ во Хатај.
Турските вооружени сили, исто така, велат дека во тек се и воените вежби што започнаа во понеделникот, во подрачјата Силопи и Хабур во југоисточната област Шанлиурфа.
Турскиот премиер Бинали Јилдирим одделно се состана со командантите на копнените, поморските, воздушните сили и жандармериите во земјата.
„Јилдирим денес се сретна со командантот на копнените сили, генерал Јашар Ѓулер, командантот на поморските сили, заменик-адмирал Аднан Озбал, командантот на воздушните сили, генерал Хасан Кучукакуз и командантот на Генералштабот на жандармериите, генерал Ариф Четин“, се вели во соопштението.
Состаноците со командантите се одржаа пред состанокот на Националниот совет за безбедност (МГК) закажан за овој петок, 22 септември.