Sabri Kesen,Ömer Ürer
11 Август 2021•Ажурирај: 12 Август 2021
МУГЛА
Екипата на Агенција Анадолија од воздух ги сними подрачјата зафатени со пожарите во подрачјето Мармарис, во турската област Мугла, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во тек се активностите на терен откако пожарот, кој на 29 јули изби во населбата Армуталан, Мармарис, беше ставен под контрола.
Значајна штета настана на зелените површини во тоа подрачје.

Материјалот кој го собра екипата на АА сведочи за разорните последици и величината на пожарот, а пожариштата се видливи низ подрачјето.
Изгорените дрвја, трагите од машините кои го гасеа пожарот, патиштата и трагите од пламенот уште еднаш зборуваат за напорите кои се вложени, за пожарот да не се прошири на хотелите и населбите.
Изгорените шумски површини на локалитетот Турунч Јолу во Ичмелер, предизвикуваат тага кај луѓето кои ги гледаат последиците од пожарот.
Во тек се активностите на ладење на пожариштето, како и работата на проценка на штетата.