Sabri Kesen
13 Октомври 2021•Ажурирај: 14 Октомври 2021
МУГЛА
На турското копно се извлечени 25 нерегуларни мигранти кои во гумен чамец биле потиснати во турските територијални води од страна на грчката крајбрежна стража во местото Мармарис во областа Мугла, известува Агенција Анадолија (АА).
Екипите на Командата на турската крајбрежната стража, по добиените информации, се упатиле во подрачјето за Кизилбурун, каде што била забележана група нерегуларни мигранти во гумен чамец кои бараат помош.
Екипите на крајбрежната стража, од гумениот чамец кој немал способност за движење, евакуирале 21 сириски, 3 палестински и 1 египетски мигрант, меѓу кои имало и жени и деца, кои во турските територијални води биле потиснати од грчката страна.
Нерегуларните мигранти, по спроведувањето на евиденцијата се предадени на Провинциската управа за управување со миграција.