Ekip
10 Мај 2016•Ажурирај: 11 Мај 2016
ДИЈАРБАКИР (АА) - Во населбата Баглар, во центарот на градот Дијарбакир, терористите на ПКК извршија напад со автомобил-бомба и според првичните информации повредени се 12 лица, меѓу кои има и цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, во централната населба Баглар, во момент кога по булеварот Диџле поминувало сервисно возило кое ги пренесувало полицајците, терористите на ПКК активирале автомобил-бомба.
Според првичните информации, од експлозијата се повредени 12 лица, меѓу кои има и цивили. Повредените со возила на брзата помош се пренесени во неколку болници во градот.
Од силната експлозија настаната е материјална штета при што се оштетени повеќе околни згради.