Burcu Arik
13 Октомври 2016•Ажурирај: 14 Октомври 2016
ВАН (АА) - Припадниците на терористичката организација ПКК денес извршија напад со Молотови коктели врз градинка во покраината Ван, во источниот дел од Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според наводите на неименувани безбедносни официјални лица, терористите на ПКК ги искршиле прозорците и фрлиле Молотови коктели во зграда на градинка во покраината Ван, во источниот дел на Турција.
Никој од персоналот и децата кои се наоѓале во градинката не биле повредени во нападот, а пожарот кој избил по кратко време е ставен под контрола.
Директорот на локалната Канцеларија за образование, Шукрула Јавузер, за АА изјави дека ова е трет напад врз оваа образовна институција од јуни оваа година и дека оттогаш се приведени 11 лица.
Тој додаде дека „ терористите повторно ги имаат за цел училиштата, особено градинките”, и дека истрагата и потрагата по сторителите на денешниот напад е во тек.
Сепаратистичката терористичка организација ПКК се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и Европската Унија, а станува збор за група која над три децении води оружена кампања против Турција.
Терористичките активности на ПКК ги интензивираше во јули минатата година, а турските безбедносни сили од крајот на минатата година водат опсежни антитерористички операции ширум Турција и во северен Ирак. Досега во овие акции животот го изгубија над 600 припадници на турските безбедносни сили, а неутрализирани се повеќе од 7.000 терористи.