Sena Güler
17 Септември 2018•Ажурирај: 17 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Според обвинителите во главниот град Анкара, денес се уапсени десет војници осомничени за поврзаност со ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Како дел од истрагата за инфилтрирањето на терористичката организација ФЕТО во Командата на турските Поморски сили и Командата на Крајбрежната стража, уапсени се 10 осомничени лица откако обвинителите издадоа налози за апсење на 22 војници од кои шест се на служба.
Меѓу уапсените војници има потполковник, двајца водачи на ескадрила, тројца поручници и четворица офицери.
По 12 осомничени лица сè уште се трага.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули, 2016 година, во кој животот го загубија 251 лице, додека речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за соборување на власта преку инфилтирирање во турските институции, особено во Армијата, полицијата и во судството.