Seda Sevencan
10 Септември 2020•Ажурирај: 11 Септември 2020
КИРШЕХИР
Турската полиција денеска во областа Киршехир од слобода лиши 11 осомничени лица за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Неименуван полициски извор за АА изјави дека од слобода се лишени 11 ирачки државјани кои се товарат за различни терористички активности во Ирак.
Меѓу приведените се и неколку осомничени кои штотуку влегле од Ирак во Турција, а сите се проследени на турските правосудни тела на понатамошно процесуирање.
Во 2013 година Турција беше меѓу првите земји што ја ставија ДЕАШ на листата на терористички организации.
Земјата досега повеќепати беше цел на напади на ДЕАШ и тоа на најмалку 10 самоубиствени напади, седум бомбашки напади и на четири вооружени напади, во кои загинаа најмалку 315 луѓе, а стотици беа повредени.
Турските безбедносни сили спроведуваат одлучна борба против таа терористичка организација во и надвор од границите на таа земја.