Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
Турција

Турција утре го претставува првиот домашен автомобил

- Јавноста во Турција со нетрпение го очекува утрешното претставување на прототипот на првиот турски автомобил, а веќе десетици илјади купувачи веќе изразија желба да го купат
Gökhan Yıldız
26 Декември 2019•Ажурирано: 27 Декември 2019
Турција утре го претставува првиот домашен автомобил

ИСТАНБУЛ

Јавноста во Турција со нетрпение го очекува утрешното претставување на прототипот на првиот турски автомобил кој е уште еден во низата технолошки и индустриски исчекори на земјата, а десетици илјади купувачи веќе изразија желба да го купат првиот домашен автомобил, јавува Агенција Анадолија (АА).

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатата недела пред новинарите во Малезија рече дека претставувањето на прототипот на првиот автомобил од домашно производство во Турција ќе се случи на 27 декември во градот Гебзе.

Јавноста во Турција и пошироко со нетрпение чека да види како ќе изгледа турското возило, а имагинацијата дополнително ја разбуди турскиот министер Варанк, кој на социјалните мрежи објави фотографии на кои е фотографиран покрај два автомобили покриени со церада.

„Потегот на националната технологија“, ТОГГ и „Долина на технологијата“ се хаштазите што ги објави министерот Варанк покрај фотографиите.

Иницијативната група за производство на турскиот автомобил (TOGG) потоа објави и фотографија од автомобилот во мрак, на која се гледаат фаровите и контурите на возилото.

Настанот предизвика голем интерес во Турција и пошироко, а со посебна возбуда презентацијата ја чекаат и такси-возачите кои сакаат да бидат меѓу првите купувачи.

Претседателот на Унијата на такси-возачи во Истанбул, Ејуп Аксу, рече дека таксистите во Истанбул веќе упатиле барање за нарачка на 17.000 нови турски автомобили пред да видат како изгледа.

„Таксистите во Истанбул во текот на сезоната дневно пружаат услуги за 80.000 туристи. Сакаме на тие гости да им обезбедиме добра услуга и во најдобро светло да ја покажеме нашата земја и нашиот домашен автомобил“, рече Аксу.

На проектот за развој на првиот турски автомобил работи Иницијативната група ТОГГ, којашто беше формирана во јуни минатата година, со здружување на ресурсите на турските компании „Anadolu Grubu“, BMC, „Kok Grubu“, „Turkcell“, „Zorlu Grubu“ и Унијата на турски берзи и стопански комори.

Се очекува првиот турски автомобил во продажба да биде пуштен во 2022 година, а целта е брендот да биде препознатлив на домашниот и на странскиот пазар.

Првиот модел на турскиот автомобили ќе биде од категоријата СУВ-возила. Планот е до 2030 година да се започне со производство на пет турски модели, и тоа според три различни верзии за секој модел.

Повеќе детали за новиот автомобил ќе бидат откриени на утрешното претставување во Гебзе.

related_topics:
ТурцијаТурски автомобилТОГГ
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription

contact_the_ombudsman

is_there_an_error_in_this_story

ombudsman_apply_button
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Турција: Се врати ќерката на уште една мајка која мирно протестираше против ПКК

Турција: Се врати ќерката на уште една мајка која мирно протестираше против ПКК

Следно

Специјално лого по повод 100-годишнината на Агенција Анадолија

Специјално лого по повод 100-годишнината на Агенција Анадолија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ердоган: Структурата на ОН не може да го исполни ветувањето кон човештвото, да се укине ветото

Турската светска рекордерка во нуркање со морска желка нуркаше во Анталија за заштитата на морскиот свет

Извештај на ОН: Економијата на Газа влезе во „најтешката криза досега забележана во светот“

Во Куала Лумпур започна Меѓународниот саем МИХАС 2026 за халал-индустријата

И покрај одлуката на МКС, авионот на Нетанјаху повторно го користеше воздушниот простор на Грција, Италија и Франција

Саудиска Арабија објави дека опасноста во Мека, Таиф и Табук поминала по претходно предупредување во пет области

Кина инсталирала речиси 60 отсто од индустриските роботи во светот во 2025 година

Погледни сè

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во акција на турската полиција убиени седум, а уапсени 12 терористи на ИСИС

Во акција на турската полиција убиени седум, а уапсени 12 терористи на ИСИС

Крајбрежните сили на Турција спасиле сириски бегалци чиј чамец го дупнале припадници на грчите крајбрежни сили

Крајбрежните сили на Турција спасиле сириски бегалци чиј чамец го дупнале припадници на грчите крајбрежни сили

Турција ги згрижува Туркмените кои ги напуштаат домовите во Сирија

Турција ги згрижува Туркмените кои ги напуштаат домовите во Сирија

Турција: Во акција против ДАЕШ приведени 11 лица

Турција: Во акција против ДАЕШ приведени 11 лица

Шестмина војници повредни во напад во источна Турција

Шестмина војници повредни во напад во источна Турција

Турција го повика рускиот дипломатски претставник поради соборувањето на воениот авион

Експерти: Соборувањето на рускиот авион „во согласност со меѓународниот закон“

Експерти: Соборувањето на рускиот авион „во согласност со меѓународниот закон“

Објавен тонски запис со предупредувањата дека рускиот воен авион го нарушил воздушниот простор на Турција

Објавен тонски запис со предупредувањата дека рускиот воен авион го нарушил воздушниот простор на Турција

Рускиот пратеник Гудков против дискриминацијата на Турците во Русија

Рускиот пратеник Гудков против дискриминацијата на Турците во Русија

Ердоган за односите на Турција и Русија: Играта со оган на никого не му користи

Ердоган за односите на Турција и Русија: Играта со оган на никого не му користи