Burak Akay
10 Февруари 2019•Ажурирај: 11 Февруари 2019
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Тимовите на Крајбрежната стража на Турција во областа Чанаккале фатиле 62 мигранти кои имале намера по илегален пат да преминат во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на Крајбрежната стража при патролирање во водите на подрачјето на Ајваџик, во Чанаккале забележале група луѓе како се движат кон грчкиот остров Лезбос.
По спроведената контрола утврдено е дека станува збор за 62 државјани на Авганистан, меѓу кои и жени и деца.
Непријавените мигранти се предадени на Управата за враќање на странци во Ајваџик.