Hakan Mehmet Şahin
07 Февруари 2022•Ажурирај: 07 Февруари 2022
ЕДРЕНЕ
Осомничен терорист на ФЕТО е приведен во обид да побегне во Грција преку турската северозападна граница, велат безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Граничните единици во Едрене фатија лице кое е осомничен за тероризам, идентификуван со иницијалите С.К., рекоа изворите, кои побараа анонимност поради ограничувањата за разговор со медиумите.
Осомничениот бил разрешен полицаец во рамките на истрагата на ФЕТО, додаваат тие.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач кој живее во САД, Фетула Ѓулен, стојат зад неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а 2.734 беа повредени.
Оваа терористичка организација стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на своите припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.