Ömer Süt,Mustafa Yıldırım
24 Октомври 2016•Ажурирај: 25 Октомври 2016
ИЗМИР (АА) - Во обвинението што Обвинителството во Измир го подготви во рамките на истрагата за неуспешниот јулски обид за воен удар на терористичката организација ФЕТО, се наведува дека високопозиционираните членови на организацијата ФЕТО за време на празникот Рамазан, во јуни оваа година формирале „Совет за мир во татковината“, кој бил реализатор на обидот за воен удар, јавува Anadolu Agency (AA).
Беркант Каракаја, државен обвинител од Вториот Кривичен суд во Измир, поднесе обвинение против 267 осомничени лица за обидот за рушење на уставниот поредок, членство во терористичката организација и рушење или блокирање на Големото народно собрание на Република Турција, а во обвинението се содржи и материјалот од проширената истрага што обвинителот Окан Бато ја водеше на темата „Базата на терористичката организација ФЕТО во војската“.
Во обвинението се наведува дека терористичката организација го започнала обидот за воен удар претходно од планираното, бидејќи многу нејзини членови инфилтрирани во воените сили на Турција биле откриени и дешифрирани.
Во понатамошниот текст на обвинението се наведува дека инфилтрираните терористи во редовите на турската војска сфатиле оти на редовната седница на Врховниот воен совет ќе бидат отстранети од позициите или пензионирани, и поради тоа, со наредба на водачот на терористичката организација ФЕТО ги завршиле сите подготовки за воениот удар пред таа седница, и ја започнале предавничката игра планирана во изминатите четири децении.
Исто така, се наведува дека обидот за државен удар бил поврзан и со одредени странски разузнавачки елементи.
„Обидот за воен удар го подготви терористичката формација ФЕТО, под називот „Совет за мир во татковината“, таканаречената директива за состојба на опсада ја проследија од Генераштабот и сите воени единици, а станува збор за лажна формација формирана за време на Рамазан оваа година, од страна на високопозиционираните членови на терористичката организација ФЕТО“.
Тој таканаречен совет, на членовите на ФЕТО во воените редови им го проследи планот за обидот за воен удар, кој првобитно бил планиран за 16 јули во три часот, но започнат е малку порано бидејќи дошло до откривање на планот.
Извршителите на обидот за државен удар го проследија планот за пуч и бараа помош од сите припадници на ФЕТО што се инфилтрирани во војската, полицијата, правосудството и во другите државни институции на Турција. Во обвинението се наведувва дека активностите на цивилниот дел на членството на ФЕТО се редуцирани поради дешифрирањето на планот за удар, а кога сфатија дека обидот за пуч ќе биде задушен, членовите на терористичката организација масовно почнаа да бегаат надвор од земјата.
Обвинителството и понатаму тврди дека поголем број од турските војници што не биле поврзани со терористите на ФЕТО биле принудени, со уцени и закани од страна на инволвираните офицери, да учествуваат во тој предавнички обид, во обидот за пуч.
Во делот на обвинението што зборува за причините за неуспехот на воениот удар во Турција, се наведува дека во задушувањето на пучот играле улога воените чиновници што ги одбиле сомнителните наредби од пучистите.
Истакната е и важната улога на подофицерот Омер Халишдемиер, кој е убиен откако го уби генералот на пучистите, Семих Терзи, кој планирал да ги уапси премиерот, министрите и другите официјални лица на Турција.
Се наведува и важната улога на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој за време на обидот за пуч, без оглед на заканите од авионите и тенковите на пучистите, со авион од Мармарис стигнал во Истанбул и ги повикал граѓаните на улиците во одбрана на демократијата и на уставниот поредок.
Обвинението содржи вкупно 1.300 страници, а меѓу 267 осомничени за обидот за државен удар, првообвинет е водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен. Турција од САД формално побара апсење и испорака на Ѓулен, кој живее во Пенсилванија.