Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
29 Октомври 2020•Ажурирај: 29 Октомври 2020
АНКАРА
Во Турција се одбележува 97-годишнината од основањето на Републиката. Државни официјални лица го посетија „Аниткабир“, мавзолејот на основачот на Републиката, Мустафа Кемал Ататурк, во главниот град Анкара, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го посети „Аниткабир“, а вчера ѝ честиташе на нацијата за 97-годишнината на Републиката.
„Им го честитам Денот на Републиката, 29 Октомври, на сите наши граѓани кои живеат во земјата или во странство“, објави на Твитер.

Ердоган го одбележа споменот на Мустафа Кемал Ататурк, како и на хероите во борбата за независност, на сите загинати херои и ветерани кои се бореа за Република Турција.
„Нашата земја ќе продолжи да дејствува според својата визија и агенда, без оглед на тоа што другите говорат или прават“, рече Ердоган.

Денот на Републиката се одбележува низ цела Туриција и во претставништвата на земјата во странство.
Денот на Републиката се одбележува со разни манифестации низ целата земја, како концерти, маршови и огномети.
На 29 октомври 1923 година, Ататурк официјално го прогласи статусот на земјата како Република.

Потоа, со гласање во Големото народно собрание, Ататурк едногласно беше избран за прв претседател на Република Турција.
Оттогаш, секој 29 октомври Турција го одбележува Денот на Републиката, а во 2023 година Републиката ќе ја одбележи својата стогодишнина.