Ayşe Yıldız,Süleyman Elçin
31 Јули 2021•Ажурирај: 01 Август 2021
АНТАЛИЈА (АА) - Во подрачјето на Манавгат, во Анталија, јужна Турција, каде што последните денови беснеат пожари, пронајдени се телата на две лица кои учествувале во гаснењето на пожарот, со што вкупниот биланс на загинати во пожарите во земјата се искачи на 6, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пожарникарските екипи се испратени на локацијата Белолук, во подрачјето на Гебеџе, недалеку од Манавгат.
По пребарувањето спроведено во регионот, пронајдени се телата на две лица што биле вклучени во гаснењето на пожарот, додека две повредени лица се пренесени во болница.