Hüseyin Yıldız
02 Декември 2017•Ажурирај: 03 Декември 2017
ХАТАЈ (АА) - Полициските службеници во турската област Хатај фатија 42 лица кои по илегален пат влегле од Сирија во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу 42 Сиријци се наоѓало 31 дете. Полициските службеници го запреа сомнителниот камионет на патот. Во него се пронајдени Сиријци кои по илегален пат влегле во земјата.
Приведен е возачот на камионетот и неговиот помошник.