Handan Kazancı
17 Февруари 2021•Ажурирај: 18 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили фатија пет руски и еден либиски државјанин, меѓу кои и терорист на ДЕАШ од листата на барани терористи, во близина на границата со Сирија, при обид да влезат нелегално во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нашите погранични сили стационирани во подрачјето на Нарлиџа во Хатај фатија шест лица, еден либиски и пет руски државјани, кои се обидeле нелегално да преминат во Турција од Сирија“, се соопштува од турското Министерство за национална одбрана.
„Еден од руските државјани е жена идентификувана како лице од листата на барани терористи на ДЕАШ“, се додава во соопштението.
Турција беше една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација во 2013 година.
Оттогаш во земјата се извршени повеќе напади од терористите на ДЕАШ, односно најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки напади и 4 вооружени напади во кои загинаа 315 лица, а беа повредени стотици други.
Како одговор на нападите, Турција започна антитерористички операции во земјата и во странство за да спречи нови напади.