Cem Genco
25 Септември 2016•Ажурирај: 26 Септември 2016
ХАТАЈ (АА) - Хуманитарниот конвој на Обединетите нации (ОН), кој се состои од 14 камиони, по неколку дена чекање на граничниот премин Џилвегозу, на турско-сириската граница, тргна кон Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Камионите чекаа во Рејханли пет дена, од каде што се упатија кон Идлиб.
Уште еден хуманитарен конвој на ОН, откако беше прогласен прекин на огнот во Сирија го премина граничниот премин Џилвегозу, но од безбедносни причини не го продолжи патот до целта.