Erdal Turanlı
09 Април 2016•Ажурирај: 10 Април 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека светот е поголем од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, и дека е потребно да се реформира тековното функционирање на Советот, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган говореше денеска на церемонија во Истанбул, но во оваа пригода тој рече дека "светот е поголем од петката" - алудирајќи на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН.
"Невозможно е дека за судбината на 196 земји во светот, одлучуваат петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН. Така беше во условите на Првата светска војна. Неопходно е да се реформира функционирањето на ОН. Меѓу петте постојани членки, не постојат муслиманските земји, сите се христијани. Каков е овој пристап? Дали е тоа фер? Ние сме во потрага за и се бориме за праведен свет", рече Ердоган.
Турскиот претседател, исто така се осврна и на прашањето за борбата против тероризмот, велејќи дека Турција е единствената земја во светот која е искрено и продуктивно се бори против терористичката организација ДАЕШ.
Тој рече дека веќе е познато дека на одредени земји кои спроведуваат операции во Сирија не им е проблемот ДАЕШ, туку дека воопшто не ги интересира фактот дека во оваа земја се убиени пола милион луѓе.
Ердоган во неговото обраќање во Истанбул, помеѓу другото, рече дека целта на Турција е до 2023 година да стане една од наразвиените 10 економии во светот.
Во неговото обраќање претседателот на Турција меѓу другото се осврна и на прашањето на борбата против паралелните структури.
"Ве повикувам Вас кои сте тука присутни и оние кои го следат лицето од Пенсилванија. Браќа ве молам да го спасиме нашиот разум од изнајмување. Во нашата вера не му се робува на робот. Се робува само на Создавателот. Но за жал тие кои стануват робови на робовите се во пораз, додека тие кои стануват роб Господ се победници”, изјави Ердоган.