Nazlı Yüzbaşıoğlu
24 Декември 2021•Ажурирај: 25 Декември 2021
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, учествуваше во гласањето за најдобри фотографии на Агенција Анадолија (АА) во 2021 година.
Чавушоглу гласаше за најдобрите фотографии кои фоторепортерите на АА ги забележаа оваа година во Турција и светот.
Во категоријата „Вести“ Чавушоглу гласаше за фотографијата „Напад“, која ја направи фоторепортерот Тајфун Џошкун, а на која се прикажани демонстранти, поддржувачи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, како влегуваат во зградата на Конгресот во Вашингтон.


Во категоријата „Спорт“ гласаше за фотографијата на Ѓокхан Балиџи направена во текот на 660. издание на Фестивалот на борење со масло „Киркпинар“.

Беше импресиониран и со фотографијата на која светската рекордерка во слободно нуркање, Турчинката Шахика Ерџумен, нурка за да ја подигне свеста на јавноста кога станува збор за карцином на дојка.
Му се допадна и фотографијата „Радоста на кошаркарите во количка“, направена во текот на кошаркарскиот натпревар во количка.
Тој се присети на натпреварот на четвртфиналето на Европското фудбалско првенство помеѓу Швајцарија и Шпанија, на кој настана фотографијата „Борба за топка“, која на 2 јули 2021 година ја направи Дмитриј Голубович.
Во категоријата „Живот“ Чавушоглу гласаше за фотографијата на Озге Елиф Кизил, на која две слепи девојчиња се поддршка едно на друго во текот на наставата, почитувајќи ги правилата за носење маски и физичка дистанца.

Чавушоглу рече дека доколку има право да гласа за две фотографии, гласот ќе го даде и за Изет Мази. Фотографијата зборува за семејството кое ја продолжило грижата за кучето дресирано за деминирање кое претходно му припаѓало на синот Ахмет Акдал, кој во терористичкиот напад во зоната на операцијата „Маслинова гранка“ го положи својот живот како шехид.
