Jeyhun Aliyev
25 Август 2021•Ажурирај: 26 Август 2021
АНКАРА
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу и американскиот државен секретар Ентони Блинкен во телефонски разговор разговараа за последните случувања во Авганистан, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу и Блинкен, исто така, зборуваа за продолжување на соработката во Авганистан и напорите да се осигура безбедна и уредна евакуација на нашите граѓани, сојузници и партнери“, рече портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс.
„Турција е важен сојузник на НАТО и непроценлив партнер во регионот“, напиша Блинкен на Твитер.
Претходно, американскиот претседател Џо Бајден им рече на блиските сојузници во Г7 дека САД се „на чекор“ да го завршат повлекувањето од земјата зафатена од војна до нивниот рок, 31 август.
Талибанците вчера соопштија дека немаат намера да го продолжат рокот кој е до 31 август за излез на странските сили од Авганистан.