БАЛИКЕСИР (АА) - Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, во врска со купувањето на воздушно-одбранбениот систем „С-400“ од Русија изјави дека сојузниците на неговата земја во рамките на НАТО, доколку не сакаат да и продадат на Турција одреден вид оружје, тогаш не би требале ниту да се мешаат во врска со тоа што Турција од Русија го купува системот С- 400, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу имаше свое обраќање на отворањето на Изборното контактно биро на АК Партијата во подрачјето на Алтиејлул во турскиот град Баликесир, каде што истакна дека работат на терен во Сирија, со цел војната во оваа земја да се доведе до политичко решение.
Тој рече дека моментално Турција е единствената земја која нема тајна агенда и вложува искрен најголем напор во насока на формирање на уставен комитет, со цел заштита на примирјето и територијалниот интегритет на Сирија.
Според него, Турција е единствената земја која ги исчистила терористите на терен во Сирија, а како што рече тој, неговата земја е независна земја која самата ги донесува своите одлуки.
„Турција ги прави потребните чекори. Од Русија го купивме воздушно-одбранбениот систем „С-400“, кој го купивме за го заштитиме воздушниот простор на Турција, и го потпишавме договорот во оваа насока. Ние со години сакавме да ги купиме (системите) од нашите сојузници, и официјално ги известивме дека сакаме да ги купиме од нив. Овие наши сојузници кои некогаш предизвикуваат пречки и за купување на едноставно оружје, на некој начин станаа вознемирени откако го купивме „С-400“. Зошто се вознемирувате? Ако сега сме сојузници на НАТО и треба да ја зголемиме нашата солидарност, тогаш, кога Турција бара, ќе продаваш. Ако не сакаш да продаваш, тогаш нема да се мешаш Турција да ги купи од некој друг, или од некоја земја надвор од НАТО", истакна Чавушоглу.
„Ако велиш дека „сојузниците на НАТО не можат да купуваат производи надвор од земјите членки на НАТО“, тогаш ќе ги видиш другите земји членки на НАТО кои моментално поседуваат „С-300“ во нивните земји, зошто го имаат тоа? Во суштина, рамката на тоа е определена од страна на генералниот секретар на НАТО, кој рече: „Да, треба да постои солидарност меѓу сојузниците на НАТО, но секоја земја е независна држава, земја, и може независно да дејствува во насока на купопродажбата“. Не може да се каже „Јас сум моќна земја, ќе биде така како што јас посакувам“. Не можеш ни да продадеш, ни да викаш „Не можеш да купиш од друго место“. Ако имаме потреба, ќе купиме“, додаде Чавушоглу.
Министерот за надворешни работи на Турција рече дека јасни се зборовите што претседателот на САД, Доналд Трамп, му ги кажал на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во оваа насока.
„Нашиот претседател понекогаш ги споделува нив, но се појавуваат различни звуци, понекогаш од Пентагон, а понекогаш од различни институции. Она што не засега е тоа што го кажа претседателот на САД, Доналд Трамп. Ставот на Трамп во оваа насока е јасен“, истакна Чавушоглу.
Тој рече дека Турција нештата за кои има потреба ќе ги купи каде сака, и дека никој не може да се меша во тоа, и додаде: „Ако Република Турција и Реџеп Таип Ердоган потпишат договор, ветуваат нешто, тие ќе го исполнат тоа ветување и договор“.
news_share_descriptionsubscription_contact
