Muhammet Tarhan
27 Јануари 2023•Ажурирај: 27 Јануари 2023
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу, најостро го осуди предавничкиот напад врз Амбасадата на Азербејџан во Техеран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Азербејџан никогаш не е сам“, рече Чавушоглу.
Според информациите од Министерството за надворешни работи на Туркије, Чавушоглу имал телефонски разговор со неговиот азербејџански колега Џејхун Бајрамов.
Тој изрази сочувство за смртта на вработениот во Амбасадата, а на повредените им посака брзо закрепнување.
„Го осудувам предавничкиот напад на Азербејџанската амбасада во Техеран. Азербејџан никогаш не е сам“, напиша Чавушоглу на Твитер.
Напаѓачот со автоматско оружје „Калашников“ го убил шефот на службата за безбедност на Азербејџанската амбасада. Двајца припадници на обезбедувањето на Амбасадата се повредени додека го спречувале нападот.