Ekipa
18 Ноември 2019•Ажурирај: 18 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека се надева оти настаните во Иран ќе завршат што е можно поскоро, и дека во Иран ќе има мир, јавува Агенција Анадолија (AA).
Чавушоглу пред парламентарната Комисија за планирање и буџет го презентираше буџетот на Министерството за надворешни работи за 2020 година.
Министерот Чавушоглу, истакнувајќи дека продолжуваат да ги развиваат добрососедските односи со Иран врз основа на заедничките интереси, рече дека меѓу двете земји е зајакната соработката во областа на трговијата, туризмот, транспортот и енергијата.
Тој, наведувајќи дека продолжуваат консултациите со Иран за регионалните прашања, особено за Сирија, нагласи:
„Ја покажавме потребната реакција на сите нивоа за критиките што доаѓаа од Иран за нашата последна операција. Исто така, уште на самиот почеток рековме дека сме против санкциите што му штетат на иранскиот народ и негативно влијаат врз регионалната трговија. Се надеваме дека настаните во Иран ќе завршат што е можно поскоро, и дека во Иран ќе има мир.“
- „Ние ќе продолжиме да ги заштитуваме правата на Турската Република Северен Кипар“ -
Чавушоглу, наведувајќи дека ги одржуваат отворени каналите за дијалог со Грција, истакна дека имаат за цел со Владата на Кирјакос Мицотакис да се фокусираат на позитивна агенда на која ќе се решаваат проблематичните прашања.
Министерот за надворешни работи на Турција, Чавушоглу, додаде:
„Пред вас сакам да подвлечам дека нема повторно да седнеме да преговараме за Кипар, кој е нашата национална кауза, колку само да се преговара. Турција има легитимни права и интереси во морските области западно и северно од кипарскиот остров. Турција ги презеде потребните мерки за заштита на тие права, и ќе продолжи да ги презема. Ние ќе продолжиме да ги заштитуваме и нашите права, и правата на Турската Република Северен Кипар, како земја гарант.“