Satuk Buğra Kutlugün
30 Март 2018•Ажурирај: 31 Март 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу изјави дека понудата на Франција да посредува меѓу Сириските демократски сили (СДФ) и Турција е неприфатлива, јавува Anadolu Agency (AA).
„Вчерашниот состанок на францускиот претседател со делегацијата на таканаречената група Сириски демократски сили (СДФ) е показател на двојните стандарди на Франција за терористичките организации“, изјави Чавушоглу на заедничката прес-конференција со неговиот украински колега Павло Климкин во Анкара.
„Кои сте вие да посредувате меѓу Турција и терористичките групи?“, рече Чавушоглу, повторувајќи ги изјавите на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, кој ги даде претходно денес.
„Ова е она што Франција го прави, се обидуваат да покажат дека се важни, играат улога во секој предмет. Но ова е неприфатливо“, изјави Чавушоглу.
По вчерашниот состанок во Елисејската палата, Франција издаде соопштение во кое се вели дека Макрон ја повторил посветеноста на Франција против терористичката организација ПКК и посветеноста кон безбедноста за Турција.
Сепак, Турција документираше дека ПЈД/ПКК и СДФ се всушнот сириски ограноци на ПКК, која Турција, Франција и ЕУ ја сметаат за терористичка група.
Макрон рече дека СДФ нема оперативни врски со таа терористичка организација, изразувајќи надеж дека Франција би можела да посредува и да помогне во воспоставување дијалог помеѓу СДФ и Турција.
Но, Анкара демонстрираше дека СДФ е управувана од силите на ПЈД/ПКК.
ПЈД/ПКК е терористичка организација која на северот на Сирија делува под плашт на називот СДФ. Турција тврди дека се работи за сириски огранок на терористичката организација ПКК, а САД сметаат дека СДФ се доверлив партнер во борбата против терористите на ДЕАШ.