Ömer Faruk Yıldız,Bayram Altuğ
09 Ноември 2021•Ажурирај: 09 Ноември 2021
ЖЕНЕВА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, се состана со неговиот шпански колега Хозе Мануел Албарес во Женева, јавува Агенција Анадолија (АА).
Состанокот помеѓу двајцата министри се одржа по отворањето на Kанцеларијата во Женева на Алијансата на цивилизациите на ОН (UNAOC), на која тие присуствуваа.
„Со шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес разговаравме за подготовките за седмиот меѓувладин самит меѓу Турција и Шпанија што ќе се одржи во Анкара“, напиша Чавушоглу на Твитер.
Високиот турски дипломат имаше говор и пред концертот „Едно човештво“ одржан по отворањето на Канцеларијата на УНАОК во Женева.
Иницијативата Алијанса на цивилизациите, основана пред 16 години под копретседателство на Турција и Шпанија, има за цел да го надмине стравот и поларизацијата меѓу муслиманските земји и западните општества.