Muhammet İkbal Arslan
09 Септември 2019•Ажурирај: 10 Септември 2019
ЛЕФКОЗИЈА (АА) - Во рамки на официјалната посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), турскиот министер Мевлут Чавушоглу оствари средба со претседателот на оваа земја, Мустафа Акинџи, јавува Anadolu Agency (AA).
Состанокот се одржа во Претседателскиот кабинет на Акинџи, на кој беа присутни и портпаролот на Претседателството на Турската Република Северен Кипар, Бариш Бурџу, амбасадорот на Турција во Никозија, Али Мурат Башчери, како и Чагатај Ерџијес, генерален директор на Дирекцијата за кипарски прашања при Министерството за надворешни работи на Турција.
Средбата траеше околу 1,5 час, а по нејзиното завршување Акинџи и Чавушоглу учествуваа на тркалезната маса со лидерите на политичките партии претставени во Парламентот на Турската Република Северен Кипар.