Erdoğan Çağatay Zontur
14 Јануари 2020•Ажурирај: 15 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес изјави дека Турција на чело со Реџеп Таип Ердоган го направила својот дел за постигнување прекин на огнот и мир во Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Турција го направи и ќе го прави својот дел за прекинот на огнот и мир во Либија на чело со нашиот претседател“, изјави Чавушоглу за новинарите во Анкара.
„Но, во сегашниот контекст, јасно е кој сака мир или војна, кој сака или не сака да создава единство во Либија“, додаде шефот на турската дипломатија.
По разговорите во Москва, синоќа шефот на либиската Влада на национална спогодба (GNA), Фајез ал Сараџ, го потпиша договорот, но командантот Калифа Хафтар замина за Либија без да го потпише договорот, иако побара во текот на ноќта да размислат во врска со договорот.
На 12 јануари, завојуваните страни на либискиот конфликт најавија прекин на огнот како одговор на повикот на турскиот претседател Ердоган и на рускиот претседател Путин.
Од соборувањето на починатиот либиски лидер Моамер Гадафи во 2011 година, во Либија се појавија две места на моќ: едно во источна Либија, поддржано главно од Египет и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), и друго во Триполи, кое е признаено од ОН и меѓународната заедница.