Sinan Özmüş
29 Јануари 2023•Ажурирај: 01 Февруари 2023
АНТАЛИЈА (АА) - Популарната турска туристичка дестинација Анталија и во зимскиот период привлекува туристи, известува Агенција Анадолија (АА).
По дождот и невремето, граѓаните го искористија сончевото време за прошетка по плажите, а имаше и такви кои се избањаа во морето.
Температурата на воздухот изнесуваше 17 степени, а температурата на морето беше 18 степени.

Граѓаните и туристите, кои го искористија убавото време, се сончаа на плажите Конјаалти, Лара и Сарис. Некои од туристите и се бањаа во морето, додека врвовите на Бејдаглар, наспроти плажата Конјаалти, се прекриени со снег.
Многу луѓе се скијаа во ски-центарот Сакликент, кој е оддалечен 50 километри од плажите на Анталија.