Halil Şahin
16 Април 2017•Ажурирај: 16 Април 2017
ИЗМИР (АА) – Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, денес изјави дека денешната одлука на народот, каква и да е, е најдобрата одлука, јавува Anadolu Agency (AA).
„Каков и да е, резултатот (од гласањето на народот) ќе биде круна на нашите глави. Одлуката на нашиот народ е најдобрата одлука“.
Јилдирим заедно со заменикот- претседател на Партијата за правда и развој (АК Партија), Нукхет Хотар, пристигна на гласачкото место во приградското населено место Мендерес, за да го даде својот глас на референдумот за уставни измени.
По краткиот разговор со одговорните лица на гласачките кутии, тој ги изврши своето граѓанско право.
Јилдирим во изјава за медиумите истакна: „Сега продолжуваме со нашата работа“.
Јилдирим нагласи дека во секое место во Турција, во 81 области, гратчиња и села, народот гласа во спокојство и братство, на еден цивилизиран начин.
„Тие го прават својот избор. Вечерва, ќе се отворат гласачките кутии и ќе се дознае резултатот. Каков и да е, резултатот (од народното гласање) ќе биде круна на нашите глави. Одлуката на нашиот народ е најдобрата одлука“, истакна тој.