Ayşe Hümeyra Atılgan
23 Октомври 2016•Ажурирај: 24 Октомври 2016
АФИОНКАРАХИСАР (АА) - Турските трупи им даваат артилериска поддршка на курдските сили вклучени во офанзивата за ослободување на Мосул, истакна денес премиерот Бинали Јилдирим, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот на борците на Пешмерга врз градот Башика, под контрола на ДЕАШ, беше изведен со поддршка на турската артилерија, рече Јилдирим, по состанокот на членовите на Партијата за правда и развој (АК Партија) во Афионхарахисар, во западна Турција.
„Силите на Пешмерга презедоа акции за потиснување на ДЕАШ од градот Башика", рече тој. „Тие побарале помош од нашите трупи од кампот Башика, и ние ги поддржуваме со артилерија, тенкови и со хаубици 'фиртина'".
Турција подолг период врши обука во базата во близина на Башика, на околу 20 километри североисточно од Мосул. Нејзиното присуство создаде тензии меѓу Анкара и Багдад, кога ирачките законодавци повикаа на повлекување на турските трупи.
Силите на Пешмерга денес објавија дека го зазеле градот Башика, како дел од операцијата за ослободување на Мосул, вториот по големина град во Ирак, од ДЕАШ.
Мислејќи на учеството на Турција во Ирак и во Сирија, каде што во август започна операција за расчистување на пограничниот регион од терористи, Јилдирим рече дека Турција нема да бара дозвола за борба против тероризмот, и внатре и надвор од државата.
„Ние нема да се двоумиме од преземање на потребните чекори за заштита на територијалниот интегритет нашата земја, и единството и солидарноста на нацијата", рече тој.
Јилдирим во Афионкарахисар разговараше за уставните реформи со членовите на АК Партијата од тој регион.