САРАЕВО (АА) - КАЈХАН ЃУЛ - Решавањето на етничките проблеми на Балканот, кои во блиското минато беа на светскиот дневен ред поради крвавите граѓански војни и судири, иако изгледа дека се решаваат, со тоа што ќе се „ставаат под килим“, продолжуваат да бидат причина за политички кризи.
Последните години со цел изнаоѓање на решение за политичката криза во меѓународната заедница често се спомнуваат Македонија, Косово и Црна Гора поради продлабочувањето на спорот меѓу власта и опозицијата, на кои им се придодаде и Хрватска, каде владата почна да се распаѓа по петмесечната коалиција.
На изборите од 8 ноември во Хрватска победи „патриотската“ Хрватска демократска партија (ХДЗ), додека втора партија беше Социјал-демократската партија (СДП).
„Патриотите“ иако победија, не беа во можност самите да оформат влада. По два и пол месеци натегања и договори, ХДЗ реши да коалицира со партијата Мост која се претставува како партија на „независно движење“. Според договорот коалиционата влада започна да работи во месец јануари со Тихомит Орешковиќ како Премиер на Хрватска, член на ХДЗ, а негови заменици беа Томислав Карамарко од ХДЗ и лидерот на движењето Мост, Божо Петров.
Успешниот бизнисмен Орешковиќ, кој нема политичко искуство и долги години живеел во станство, поради својот „лош изговор“, од првиот ден стана мета на критики. Премиерот Орешковиќ кој не им обрнуваше внимание на критиките и својата работа ја насочи кој развивање на економијата во државата, овојпат се најде среде криза поради недоразбирањата меѓу неговите двајца помошници.
Опозициската СДП, која побара изгласување на доверба во хрватскиот Сабор на вицепремиерот Карамарко, предизвика мали несогласувања во коалициската власт, бидејќи процури веста дека дел од пратениците на Мост ќе гласаат против довербата на Карамарко.
Недоразбирањето кое настана помеѓу Петров и Карамарко, по изјавата на Петров дека Карамарко „нема политичко искуство", секојдневно се зголемува. Премиерот реши, со
нивно „исклучување од владата" да ја реши кризата.
- Период на разрешување на Орешковиќ
Откако Орешковиќ ги побара оставките од Карамарко и Петров, двајцата вицепремиери му возвратија. Карамарко изјави дека ХДЗ повеќе нема да го поддржува Орешковиќ, додека Петров неразбира зошто е посочен како "вознемирувачки елемент", но истакна дека е спремен да ја плати цената.
На тој начин двете коалициони партии кои имаат различни политички идеологии за краток период ги влошија своите односи.
Колку и да се обидуваат лидерите предвремените избори да ги стават во втор план, медиумите и политичките аналитичари го наговестуваат излегувањето на народот пред изборните кутии. Аналитичарите велат дека владата функционира само „формално" и дека единствено решение се предвремените избори.
-Нова коалиција или предвремени избори?
По политичката криза, иако најголем дел од јавноста смета дека треба да се оди на предвремени избори, ХДЗ вели дека предвремените избори не се единственото решение и дека е можно формирање на нова коалиција.
Околу можните сценарија во понатамошните политички текови во Хрватска, во разговор за АА зборуваше политичкиот аналитичар Давор Гјенеро, кој истакна дека клучна улога може да одигра претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, која потекнува од ХДЗ.
Според Гјенеро партијата ХДЗ чиј лидер е Карамарко, можеби има најголем број на гласови на изборите, но е „губитник на изборите" и додаде дека и новоформираните коалициски влади ќе бидат нестабилни.
Гјенеро вели дека секој момент Хрватска се приближува кон предвремените избори, бидејќи по периодот на смената на премиерот Орешковиќ од функцијата, ХДЗ ќе започне да формира коалициона влада во која ќе се почувствува тежиштето на ХДЗ, што веројатно ќе предизвика нејзино слабеење. Гјенеро смета дека на изборите Орешковиќ ќе ја загуби довербата во парламентот, што ќе значи и паѓање на владата.
„Тогаш целиот терет ќе падне на претседателот. Формирање на малцинска влада не е можно. Единствено решение е претседателот на државата, да даде едно независно име, кое ќе ја извршува функцијата до изборите, кои треба да се одржат идната година.
- Народот бара предвремени избори
Политичкиот аналитичар Гјенеро истакна дека очекува претседателката на Хрватска да прогласи предвремени избори, доколку Орешковиќ ја изгуби довербата и не се најде заедничко решение за ново име за негова замена. Во тој случај претседателката е должна во рок од 30 до 60 дена да прогласи предвремени избори.
Според Гјенеро првиот можен датум за предвремени избори би бил крајот на јули.
„Всушност, за избори овој дадум е многу непогоден. Учеството ќе биде мало и без предизборна кампања. Но засега овој термин им одговара на сите. Изборите беа пред една година, и немаат буџет за нови избори“, рече Гјенеро.
Во очите на народот Карамарко се посочува за кривец на настаната состојба, истакна Гјенеро и смета дека доколку се оди на предвремени избори ХДЗ ќе има големи губитоци во бројот на гласови.
- Виновник за кризата е "прашањето за консултант"
Хрватската јавност проблемот околу главниот проблем на дебатирање, "прашањето за консултант" е кај Ана Карамарко, сопруга на лидерот на ХДЗ, Томислав Карамарко.
Проблемот е околу фирмата Дримиа, која е во сопственост на Ана Карамарко, која е дел од Хрватскиот спор и за решавање на овој спор е ангажиран судски совет, кој треба да ги разреши обвинувањата дали Дримиа лобирала за фирмата Маџар МОЛ.
Се зборува дека Ана Карамарко, како лобист на Маџар МОЛ, во тек од две години направила бизнис од 60 илјади евра. Хрватската комисија за спречување на судир на интереси истражува дали сопругата на Томислав Карамарко имала поврзаност и со други фирми.
Карамарко неколкупати го поддржувал предлогот за скратување на работата на судскиот совет кој продолжува меѓу Хрватска и фирмата МОЛ и многупати истакнал дека работата на неговата сопруга не претставува „конфликт на интереси".
По сите овие настани, опозицијата предложи гласање за доверба на Карамарко во Собранието. Кризата во владата настана кога дел од пратениците на партијата Мост најавија дека ќе го поддржат предлогот на опозицијата.