Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
економија

TI: Корупцијата во Босна, Србија и Македонија е во пораст, а во Хрватска е во пад

- Транспаренси Интернешнал Хрватска, го објави индексот на перцепција за корупција за 2015 година според истражување на 168 земји во светот
Stipe Mayiç
27 Јануари 2016•Ажурирано: 28 Јануари 2016
TI: Корупцијата во Босна, Србија и Македонија е во пораст, а во Хрватска е во пад
Zagreb

ЗАГРЕБ (АА) - Транспаренси Интернешнал Хрватска, го објави индексот на перцепција за корупција за 2015 година, со кој се опфатени 168 земји во светот. Во балканскиот регион, во однос на 2014 година, највеќе напредуваа Хрватска и Албанија, а состојбата со корупција влошена е во БиХ, Србија и Македонија. Словенија и понатаму е највеќе пласирана на ранг листата, јави Anadolu Agency (AA).

Индексот на перцепцијата користи скала од 0 до 100, со тоа што 0 претставува висококорумпирана држава, додека онаа оценка со 100 се смета со земја без корупција.Државите со висока оценка се држави во кои владее правото и правилата за однесување на јавните службеници се јасно дефинирани.

Регионално глеано, во однос на минатата година, највеќе напредуваа Хрватска и Албнанија за 3 бода. Хрватска со 48 поени од 48 се искачи на 51 бод, а Албанија од 33, достигна 36 бода.

Словенија има 60, а Црна Гора 44 бода, и двете земји напредуваа за два бода. Косово стагнираше на 33 бода, а сите останати земји од регионот забележаа пораст на корупцијата и пад на ранг листата.

Србија со 41 бод падна на 40, а БиХ од 39 на 38 поени. Најголем пад имаше Македонија, за три поени, од 45 на 42 поена.

Регионално, Словенија напредуваше највеќе во борбата против корупцијата и се наоѓа на 37 место на ранг листата која вкупно има 168 земји. Хрватска е на 52 место, Црна Гора на 67, Македонија на 68, Србија на 73, Босна и Херегоција на 78, Албанија на 90, а Косово на 107 место.

Даворка Будимир, претседателка на Транспаренси Интернашнал Хрватска, порача дека непа поголема штета за општеството од корупцијата која овозможува незаконските активности намерно да се прикриваат, а во јавноста да излегуваат низ скандали,истраги и судења. Истакна дека индексот на перцепција ја корупцијата е ограничен на јавниот сектор, на функционерите, политичарите и службениците.

Се проценува злоупотреба на власта, подмитување на функционерите, изигрување на јавните набавки, проневерување на јавните пари, успешност на антикорупциските мерки во јавниот сектор и слично.

Најмалку корупмирани држави во 2015 година се Данска и Финска, следуваат Шевска, Нов Зеланд и Холандија, а на крај на ранг листата за корупција се Сомалија и Северна Кореа.

Индексот на перцепција за корупцијата за 2015 година покажува дека 68 отсто, од државите имаат помалку од 50 поени, додека просек на сите 168 држави кои учествуваат во истражувањето изнесува 43 бода

related_topics:
Балкан
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Канада ги укина санкциите на Иран

Канада ги укина санкциите на Иран

Следно

"Facebook" ја удвои заработката во последниот квартал од 2015 година

"Facebook" ја удвои заработката во последниот квартал од 2015 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Германија регистрира над 5.000 смртни случаи како последица на јунскиот топлотен бран

Иран: Американски проектили го погодија подрачјето на нуклеарната централа Бушер

Тројца припадници на ИРГЦ се убиени во американските напади врз иранската покраина Хузестан

Јордан пресретна осум проектили истрелани од Иран

Палестинскиот претседател Абас го одреди 28 ноември за првите палестински парламентарни избори по повеќе од 20 години

Експлозии по должината на јужниот брег на Иран, во близина на Бандар Абас

Неколку експлозии одекнаа во иранската покраина Бушер

Погледни сè

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Платформата за свет без хендикепирани ги проширува активностите низ целиот Балкан

Платформата за свет без хендикепирани ги проширува активностите низ целиот Балкан

АНАЛИЗА: Турската политика на Балканот не е ориентирана кон интересот

АНАЛИЗА: Турската политика на Балканот не е ориентирана кон интересот

Минатата година 470.000 Македонци ја посетиле Бугарија

Минатата година 470.000 Македонци ја посетиле Бугарија

Кору: Полна интеграција на Балканот во ЕУ и НАТО ќе и донесе стабилност на Европа

Кору: Полна интеграција на Балканот во ЕУ и НАТО ќе и донесе стабилност на Европа

Во Скопје отворена IV Meѓународна изложба "МОСТ"

Во Скопје отворена IV Meѓународна изложба "МОСТ"

Кривокапиќ: Балканот повторно се вознемири

Кривокапиќ: Балканот повторно се вознемири

Во Турција започна Самит на телевизиите на Балканот

Во Турција започна Самит на телевизиите на Балканот

На муслиманите од Балканот им е потребна поддршката од исламскиот свет

На муслиманите од Балканот им е потребна поддршката од исламскиот свет

Започна "Balkan Rivers Tour": Веслачи од Европа во заштита на реките од Балканот

Започна "Balkan Rivers Tour": Веслачи од Европа во заштита на реките од Балканот

Полициска акција "Балкан Тригер": Запленета голема количина на нелегална стока

Полициска акција "Балкан Тригер": Запленета голема количина на нелегална стока