Furkan Abdula
01 Март 2019•Ажурирај: 03 Март 2019
СКОПЈЕ (АА) - Во рамки на проектот насловен „Заедничко османлиско наследство“ организиран од страна на Здружението за едукација и идеи „Фетах Ефенди" од Скопје, со поддршка на Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB) се одржа конференција на тема „Економската структура на Османлиската Империја“, јавува Anadolu Agency (AA).
Конференцијата се одржа во кампусот на Меѓународниот Балкански Универзитет (ИБУ) во Скопје, а покрај доц. д-р Исмаил Хаки Кади, професор на Универзитетот Меденијет во Истанбул, кој учествуваше како говорник на конференција, присутни беа претседателот на Здружението „Фетах Ефенди", Севба Абдула, како и студенти.
Претседателот на Здуржението „Фетах Ефенди", Абдула, во изјава за АА истакна дека вечерва ја реализираат третата конференција од проектот „Заедничко османлиско наследство“ која се организира во рамки на Балканската младинска школа.
Абдула информираше дека на првите две конференции организирани во рамки на проектот насловен „Заедничко османлиско наследство“, се разговарало за научната историја и историјата на мислата на Османлиите.
„Овој пат ќе се осврнеме на економската и културната структура. Османлиската економска историја е значајна пресвртница за светската историја, особено во однос на неговото значење на Балканот“, нагласи Абдула, додавајќи дека Османлиската економска историја е значајна за светската историја.
Од друга страна, доц. д-р Исмаил Хаки Кади за АА рече дека за време на конференцијата разговарале за различни теми како практиките на Османлиите кои влијаеле врз секојдневниот живот на луѓето, нивната гледна точка кон економијата, и и нивните односи со економскиот живот.
„Воената и политичката историја на Османлиската Империја често е актуелизирана и се зборува околу тоа, но не се разговара, дискутира и актуелизира до толку нејзината економска страна која влијае врз секојдневниот живот на луѓето“, истакна Кади.
Кади нагласи дека Османлиската Империја во три континенти управувала со лица од многу различни јазици, религии и бои, и дека економската структура на Османлиите е тешко да се објасни со денешните економски термини и концепти.
Според него, во денешниот економски живот најпрвин што доаѓа на памет се темите како капитализам и социјализам.
„Тргнувајќи од овие концепти, исклучително е тешко да се дефинира, разбере и објаснува ставот на Османлиите кои имаат уникатна гледна точка. Пред се, економскиот живот го сметаат како постоечка област за исполнување на потребите на луѓето. Апсолутно, тоа не го сметаат за област каде ќе се случи збогатување на некои страни и класи“, истакна Кади.