Seyyid Emin
28 Септември 2019•Ажурирај: 28 Септември 2019
СКОПЈЕ (АА) - Под покровителство на Министерството за култура и туризам на Турција, Високата институција за Ататурк, култура, јазик и историја, во Скопје го организираше првиот меѓународен состанок на проектот „Средба на анадолската историја и културната унија“ чија цел е прифаќање на заедничката култура и историја од Анадолија, од страна на младите, јавува Anadolu Agency (AA).
Свеченото отворање на програмата што ќе се одржи од 27 до 30 септември, со поддршка на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), се одржа во салата на конференции на Меѓународниот балкански универзитет.
На церемонијата учествуваа министри на Северна Македонија, државници, гости од Турција, како и претставници на турските и локалните институции и организации во земјата.
Цеременијата започна со едноминутен молк за шехидите, интонирањето на националните химни на Турција и Северна Македонија. На почетокот исто така беа прикажани и промотивното видео за „Средба на анадолската историја и културната унија“ и спомен видеото подготвено за поранешниот заменик министер за култура и туризам Проф. Др. Халук Дурсун.
Потпретседателот на Високата институција за Ататурк, култура, јазик и историја, Мухамед Хекомоглу во изјава за медиумите рече дека се избираат успешни средношколци од различни градови на Турција, и дека целта е овие млади во иднина да добри граѓани и добри државници.
Хекимоглу посочувајќи дека тринаесеттиот состанок се одржува во Скопје, рече дека овој проект е значаен не само за нив туку и за балканските земји.
Според него, младите од Турција тука ќе се сретнат со колегите од Северна Македонија и ќе може да споделуваат мислење и идеи.
Министерот за култура на Република Северна Македонија Хусни Исмаили изразувајќи задоволство што има можност да биде меѓу младите луѓе кои се подготвени да учат и да се справат со новите предизвици, рече: „Во овој контекст, би сакал да подвлечам дека културата, науката и образованието се од големо значење во градењето пријателства и доверба кај младите луѓе од целиот свет.“
Министерот без ресор во Владата на Северна Македонија задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан рече дека балканскиот и анадолискиот полуостров се несомнено важни во однос на турската историја.
„Луѓето од овие две области имаат заедничка култура и имаат многу сличности во нивниот секојдневен живот. Живеевме заедно во истата земја за време Османлиската империја, кој е наше заедничко минато.“
Меѓу другото, министерот Хасан истакна и дека Турците во земјата се мост меѓу Северна Македонија и Турција.
Од друга страна, Зехранур Кескин, ученичка во средното училиште „Женска гимназија - Кандили“ во Истанбул, рече дека се чувствува среќна и горда што можела да ги види османлиските дела во Скопје.
Средношколците од Турција и Северна Македонија во рамките на програмата ги презентираа проектите од различни области.
Делегацијата на Турција која се состои главно од учениците во средно училиште, како и научници, ќе посетат различни градови на Северна Македонија, потоа ќе заминат и во Косово.
Во рамките на средбите на анадолската историја и културната унија, средношколците избрани од различни делови на Турција ќе можат да разменат мислења со научници, уметници, писатели и професори, а истовремено ќе можат на лице место да ги видат културните вредности.