СКОПЈЕ (АА) - Во присуство на бројни личности од општествениот, политичкиот и културниот живот од земјата и од регионот, како и бројни граѓани од различна етничка припадност вечерва во Скопје во зградата на Македонска филхармонија, во организација на Бошњачкиот национален совет (БНС) во Северна Македонија, се одржа свечена академија со која беше одбележан Меѓународниот ден на Бошњаците - 28 Септември, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу присутните на вечерашната свечена академија беа потпретседателот на Владата на Северна Македонија и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, Расим Љајик, потпретседател на Владата на Србија, Рамиз Салкиќ, потпретседател на Република Српска (РС), ентитетот во Босна и Херцеговина, Неџад Мехмедовиќ, заменик-министер за политички систем и односи меѓу заедниците во Северна Македонија, Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, пратеници, како и претставници на дипломатскиот кор и претставници на граѓански организации во земјата.
Во своето обраќање пред присутните Спасовски рече дека му претставува чест и задоволство што да присуствува на настанот и во име на Владата го честита Меѓународниот ден на Бошњаците.
Спасовски рече дека мултиетничноста и мултиконфесионалноста како единство на различности уште повеќе го унапредуваат граѓански карактер на Република Северна Македонија.
„Наша примарна цел како држава и како општество и натаму останува грижата и надградувањето на начелата и вредностите за еднаквост на сите граѓани за нивно целосно општествено интегрирање, независно од етничката или верската припадност за зачувување на таа културна односно идентитетска различност како посебен квалитет на нашето оптшество, притоа водејќи сметка тоа да остане еден од темелните приниципи во понатамошната демократизација и развој на државата. И токму сега на 28 септември, сакам да оддадам признание на Бошњаците во Република Северна Македонија како една од прогресивните сили која води напред за развој на државата", порача Спасовски.
Рамиз Салкиќ, бошњачки политичар од Босна и Херцеговина кој од 2014 година ја извршува функцијата потпретседател на ентитетот РС, во својот говор рече дека Бошњаците низ историјата се протерувани, прогонувани, убивани, преселувани и тоа интензивно се случувало во последните 200 години. Салкиќ истакна дека имало повеќе циклуси и фази кога Бошњаците се протерувани кога врз нив е вршен геноцид, но и покрај тоа, според него, Бошњаците успеале да опстанат и гордо да чекорат.
„Бидете горди што припаѓате на народот кој има такви корени и бидете горди што ја имате БиХ, која е матица на сите Бошњаци, каде и да се наоѓаат. Таа е нашата колевка. Сите на некаков начин тука сме се родите и од таму сме тргнале. Дали сме ние, дали се нашите татковци, дали се нашите дедовци, дали се татковците на нашите дедови или некој од нашето потомство ... Бидете уверени дека БиХ, била и ќе биде матица на сите Бошњаци која сака да ги обедини сите Бошњаци во целиот свет. Ваша обврска е тука во Северна Македонија и на секое друго место, да работите на градење на државата во која живеете, да го почитувате Уставот и законот на таа земја и да придонесувате во развојот на државата", рече Салкиќ.
Мунир Колашинац, претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз (БДС), кој упати благодарност до претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев за поддршка и покровителство на оваа свеченост, истакнувајќи дека овој собир уште еднаш го потврдува заедничкото залагање и демонстрира почитување и посветеност кон изградба на едно општество за сите, правилно и еднавко.
„На денешен ден пред 26 години во Сараево, БиХ, одржан е првиот себошњачки собир на кој е донесена историска одлука, со која на нашиот народ му е вратено неговото илјадагодишно име Бошњак, и мајчиниот јазик е наречен со праилното име - Босански јазик", рече Колашинац и додаде:
„Бошњаците во Северна Македонија веќе 12 пат го одбележуваат 28 септември како свој национален празик. Бошњаците во изминатиот период активно учествувале во политичкиот живот на Северна Македонија и со своето вредно учество придонеле во изградба и развој на институциите на нашата држава."
Во име на организаторот се обрати, Џевад Хот, претседател на Бошњачкиот национален совет во Северна Македонија,кој рече дека вечерашната свечена академија е повторно доживување на она што тоа се случи на тој 28 септември во 1993 година во Сараево. Хот истакна дека присутните вечерва го потврдуваат својот национален идентитет Бошњак и потврдуваат дека се спротиставуваат на тенденциите за расепкување на БиХ.
„Вечерашната свеченост е во организација на Бошњачкото нацинален совет на РСМ кој стана член на семејстовот на националните совети во регионот и заедно со БиХ, Хрвтска, Србија, Црна Гора и Северна Македонија добива член во рамките на ова големо семејство", рече Хот.
Меѓу другото, тој порача дека овие институции активно работат на зачуввуање на јазикот, верата, кутлурата и историјата и изрази надеж дека ќе бидат препознаени од органите на власта како партнери во имплементација на законите и правата кои им ги гарантира државата во која живеат и дека со таа постапка Северна Македонија ќе биде пример за останатите во регионот,
Свое обраќање на свечената академија имаше и Мирсад Џуџевиќ, претседател на Бошњачкиот национален совет од Црна Гора, кој посака успех за Бошњаците од регионот и упати честитки по повод националниот бошњачки празник.
По обраќањата на говорниците, присутните уживаа во изведба на севдалинки на Градскиот тамбурашки оркестар „Пљевља", музичарот Ерхан Шукри, како и во настапот на културно-уметничкото друштво „Диванхана" од Скопје.
Честитки по повод Денот на Бошњаците, упатија претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, како и бројни политички лидери во земјата и регионот, посакувајќи просперитет и успех во сите сфери на општеството на Бошњаците.
Освен во Северна Македонија, Денот на Бошњаците со пригодна програма се одбележа и во Косово, Нови Пазар, Сараво, како и во другите градови и места во државите од регионот каде живеат Бошњаците.
Со измените на Законот за празници во земјава, на 8. февруари 2007 година во Собранието, 28 септември (Денот кога на Бошњачкиот сабор во Сараево 1993 година е вратено националното име Бошњак) е прогласен е за Ден на Бошњаците во земјата.