Ekip
01 Јуни 2019•Ажурирај: 02 Јуни 2019
СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА (АА) - Со молитви во џамиите и со читање на светата книга Куран, верниците од исламска вероисповед вечерва ја одбележаа Ноќта на Кадр (Лејлетул кадр), јавува Anadolu Agency (AA).
Голем број верници дојдоа во џамијата „Мустафа Паша“ во Скопје, каде присуствуваа на организираната програма по повод Ноќта на кадрот (27. ноќ од месецот Рамазан, ноќ во која започнало објавувањето на Куранот).
Програмата беше организирана од страна на Исламската верска заедница (ИВЗ) на Република Северна Македонија. Во текот на програмата се учеа илахии и делови од Куранот.
На вечерашната програма, исто така учествуваше и советникот за верски прашања при Турската амбасада во Скопје, Мурат Алкан.
Во земјите од регионот, меѓу кои и во Албанија, главниот град на оваа држава, Тирана, голем интерес кај граѓаните предизвика најголемата ноќ, Ноќта на кадр, исполнувајќи ја џамијата „Табак“.
Ноќта на кадр со програма се одбележа и во Косово.
Во главниот град Приштина, граѓаните ја исполнија џамијата „Фатих Султан Мехмед“, а поради големата присутност, дел од луѓето молитвата ја извршија во дворот на џамијата.
Лејлетул Кадр за муслиманите претставува најважната ноќ во годината. Во оваа ноќ започнала објавата на Куранот, светата книга за муслиманите. Тоа е ноќта за која муслиманите веруваат дека се одредува судбината. Во Куранот, за ноќта Лејлетул Кадр се вели дека е „ноќ повредна од 1.000 месеци".