Admir Fazlagic, Fatjon Cuka
01 Јуни 2019•Ажурирај: 02 Јуни 2019
СКОПЈЕ (АА) - Утрово се регистрирани неколку земјотреси во Северна Македонија и во Албанија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во раните утрински часови, со Рихтерова магнитуда од 5.0 земјотресот беше почувствуван во југозападниот дел, и тоа во Охрид, во Струга и Ресен и околината, а со интензитет од IV според Европската макросеизмичка скала.
„Во западниот дел на земјава, земјотресот беше почувствуван со интензитет од III степени од истата скала“, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно‑математичкиот факултет во Скопје.
Неколку земјотреси ја погодија и Албанија во последните часови, во југоисточните и јужните градови во земјата.
Институтот за наука, енергија, вода и животна средина на Албанија регистираше неколку земјотреси на територијата на општина Корча, со јачина од 5.3, 5, 4.7 и 3.7 според Рихтеровата скала.
Според официјалното соопштение на албанското Министерство за одбрана за земјотреси, неколку живеалишта се оштетени во регионот на Корча.
Сеизмичките потреси со низок интензитет се регистрирани и во регионот Ѓирокастро, а институциите сѐ уште не објавија дали има повредени лица.
Албанија е погодена од земјотреси во последниве години, кои предизвикаа материјална штета.
Земјотреси се почувствуваа и во неколку градови во Северна Македонија.