Fatjon Cuka
30 Јуни 2019•Ажурирај: 01 Јули 2019
ТИРАНА (АА) - Во Албанија заврши процесот на гласање за локалните избори каде граѓаните гласаа за градоначалници и членови на општински совети низ земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на гласањето немаше тензии, со исклучок на неколку мали инциденти на некои избирачки места, додека ангажирани беа неколку илјади припадници на полициските сили.
Процесот на гласање официјално започна во 07:00 часот. Граѓаните го искористија правото на глас во 5.417 избирачки места низ Албанија за избирање на градоначалници на 61 општина и членови на општински совети.
По доставување на избирачките материјали во центрите на Групите за борење гласови, официјално ќе започне и процесот на броење на гласовите во следните часови.
Меѓу другото, портпаролката на Централната изборна комисија на Албанија, Дрилона Хоџај, истакна дека до 15:00 часот излесноста на изборите била 15,5 отсто, додека според неа, процесот на гласање се одвивал нормално.
Изборите се одржаа според првиот декрет на претседателот на земјата, Илир Мета, кој беше укинат на 10 јуни. Новиот декрет, со кој како датум за одржување на изборите беше одреден 13 октомври, не беше поддржан од страна на Рама и од поголемиот дел на членовите на Централната изборна комисија на оваа земја.
На изборите учествува владејачката Социјалистичка партија на Албанија (ПС), предводена од премиерот Еди Рама, која ја води коалицијата наречена Алијанса за европска Албанија, заедно со некои нејзини сојузнички партии.
Од друга страна, главните опозициски партии, Демократската партија (ПД) и партијата Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ), ги бојкотираа локалните избори, а дел од изборниот процес беа и неколку други опозициски парламентарни и вонпарламентарни партии.
Изборниот процес беше набљудуван од страна на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, амбасади акредитирани во Тирана, како и од други меѓународни и локални организации во земјата. Прелиминарните заклучоци на ОДИХР ќе бидат објавени утре.