Fatjon Cuka
07 Октомври 2020•Ажурирај: 08 Октомври 2020
ТИРАНА (АА) - Во Албанија во последните 24 часа се регистрирани 162 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), додека како последица на овој вирус починаа уште 4 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Во земјата откриени се вкупно 14.730 случаи со овој вирус, додека како последица на пандемијата досега починаа вкупно 407 лица.
Во последните 24 часа оздравеа уште 150 лица, со што вкупната бројка на оздравени се зголеми на 9.115.
Моментално во Албанија има 5.208 активни случаи.
Во земјата досега се извршени 94.840 тестирања за Ковид-19.