Ihvan Radoykov
17 Септември 2020•Ажурирај: 18 Септември 2020
СОФИЈА
Владата на Бугарија го одобри вклучувањето на американските борбени авиони во надзор и чување на воздушниот простор на таа земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на официјална Софија се наведува дека осум американски борбени авиони ќе се приклучат на леталата „Миг-29“ на бугарските воздушни сили и заеднички ќе патролираат на бугарското небо во периодот од 26 до 30 октомври.
Исто така се наведува дека заедничкото патролирање ќе биде искористено и за постепено приспособување на користењето на американските авиони „Ф-16 Блок 70“, бидејќи Бугарија токму од САД ги купи таквите летала и нивната испорака се очекува за четири години.
Бугарија пред три години користеше слична привремена помош во надзор од небо кога четири италијански „тајфони“ беа вклучени во патролата. Тоа беше во рамките на програмата која НАТО ја започна по руската анексија на Крим во 2014 година.
Флотата на бугарските сили се состои од авионите „Миг“ од руско производство кои имаат ограничени технолошки можности.