İlkay Guder
10 Октомври 2017•Ажурирај: 10 Октомври 2017
БЕЛГРАД (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше пречекан со официјална церемонија од страна на неговиот српски колега, Александар Вучиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
На официјалната церемонија организирана во Српската палата, во присуство на претседателите на Турција и Србија, Ердоган и Вучиќ, беа интонирани националните химни на двете држави, а потоа беа претставени делегациите на двете земји.
Пред тет-а-тет средбата, и средбата меѓу делегациите, Ердоган и Вучиќ се ракуваа и се фотографираа пред камерите.
На церемонијата беа пристуни началникот на Генералштабот на вооружените сили, генералот Хулуси Акар, вицепремиерот Фикри Ишик, министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за енергетика и природни ресурси, Берат Албајрак, министерот за Европската Унија, Омер Челик, министерот за животна средина и урбанизам, Мехмет Озхасеки, министерот за економија, Нихат Зејбекџи, министерот за храна, земјоделство и сточарство на Турција, Ахмет Ешреф Факибаба, министерот за шумарство и водостопанство, Вејсел Ероглу, и министерот за транспорт, поморство и комуникации, Ахмет Арслан.
По средбите ќе бидат потпишани некои договори меѓу двете земји, а потоа Ердоган и Вучиќ ќе одржат заедничка пресконференција.
Ердоган доцна синоќа пристигна на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, каде што беше пречекан од страна на српскиот претседател Вучиќ и од членовите на кабинетот.